Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, може барем малку да здивне, со оглед дека се намалува „болницата“ во неговиот тим. Повредите ги надминаа колумбискиот интернационалец Хамес Родригез и Португалецот Пепе кои се вратија на тренинзите со тимот и ќе му бидат на располагање за неделното гостување против Селта во Виго. Токму овој тим ги елиминира „кралевите“ од Купот на Шпанија, па сега сигурно Зидан и фудбалерите ќе сакаат да се одмаздат.
Хамес Родригез беше во „аут“ од 7.јануари, кога заработи повреда на колкот, додека паузираше уште подолго. Зидан се уште не може да смета на Герет Бејл, Дани Карвахал, Лука Модриќ и на Марсело, а одвоено од тимот вчера тренираше и Рафаел Варан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА