Рома и Милан беа тимовите кои ја водеа главната битка за талентираниот фудбалер на холандскиот гигант Ајакс, Анвар ел Гази, но тој реши да ја продолжи кариерата во француски Лил.
Ел Гази долго време се поврзуваше со трансфер во некој од италијанските гиганти, но очиглено не доставиле доби понуди и тимот од северот на Франција успеа да ја искористи таа ситуација. Тие ја платија бараната сума од 8 милиони евра за Холанѓанецот со мароканско потекло и добија големо засилување.
Тој потпиша договор на четири и пол години, со што стана трето засилување за екипата, откако претходно беше доведен Жерсон од Рома на позајмица, како и Мароканецот Фарес Балули, кој дојде од Монако за сума од 3,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА