Довчерашниот шведски напаѓач на калчолигашот Палермо, Робин Кваизон од денеска е претставен како ново засилување за бундеслигашот Мајнц.
За неговите услуги, тимот од Германија плати 2.5 милиони евра, а тој потпиша договор со екипата до 2021 година. Неговите добри игри оваа сезона, го привлекое вниманието на останатите екипи, но Кваизон реши да ја продолжи својата кариера во Мајнц.
Негово заминување може да биде поволно за Александар Трајковски, кој оваа сезона има проблеми со повредите и се почесто е на клупата за резерви и во овој случај би му се подобрил протимскиот статус во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА