Дмитри Паје повеќе не е член на Вест хем откако лондонскиот клуб конечно даде зелено светло за негова преселба во редовите на Олимпик Марсеј. „Сапуницата“ околу францускиот интернационалец почна на почетокот од овој месец, кога Паје објави дека не сака веќе да настапува за тимот на Славен Билиќ, шест месеци откако потпиша нов богат договор со „чеканите“.
Тој беше отстранет од првата екипа и го навлече бесот на навивачите, но Паје остана цврст на ставот, по што Вест хем почна преговори со Олимпик. Откако ги одби првите две понуди, лондонскиот клуб попладнево објави дека е прифатена последната понуда на клубот од Марсеј, по што е дадено зелено светло за да се комплетира преселбата на Паје на „Велодром“.
Висината на трансферот изнесува 25 милиони фунти, а Вест хем уште пред два дена го ангажираше Снодграс од Хал како замена за проблематичниот француски репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА