Вестите поврзани со заминувањето на Алваро Мората од „Сантијаго Бернабеу“ што во изминатиот период беа означени како празни шпекулации добија своја потврда. Младиот фудбалер и дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид во најбрз можен рок.
„Се чувствувам предадено. Го напуштам Реал Мадрид“ – порача одличниот голгетер, кој не ја доби шансата да ги покаже своите квалитети што му беше ветена при преговорите додека се уште го носеше дресот на Јувентус.
Младиот фудбалер минатото лето потпиша за кралскиот клуб од престолнината на Шпанија, но не ја освои довербата на Зинедин Зидан и е втор избор покрај Карим Бензема. Како следна дестинација се споменува неговиот поранешен клуб Јувентус, како и можна преселба на „островот“ во редовите на лондонски Челси, Арсенал или Манчестер сити.
Реал Мадрид не губи ништо со продажбата, туку напротив добро ќе заработи откако „кралевите“ ја искористија клаузулата за враќање на Шпанецот од Јуве за 30 милиони евра, а сега се очекува да го продадат за најмалку 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА