По негативна серија од три порази во низа, Саски Басконија конечно запиша победа во рамки на Евролигата. Клубот од Виторија победи на гости кај Барселона со 79-93 (20-21, 23-32, 20-30, 16-10).
Само 20 минути стабилна игра и прецизни шутеви на кошаркарите на Басконија им беа доволни за нов триумф, 11 за нив во тековната сезона, но само трета на гостински терен.
Лидер во тимот беше Ларкин кој со 18 поени и пет асистенции најмногу придонесе за денешниот триумф. Двоцифрени беа уште и Будингер со 15 поени, Ханга со 14 додека Војтман и Тили постигна по 13 поени. За Барселона тоа беа Тајрис Рајс со 15 поени и Везенков со 14 поени.
Жалгирис Каунас гостуваше кај Дарушафака и помина триумфално запишувајќи победа со 66-69 (14-16, 17-22, 18-17, 17-14). Домаќинот воопшто не беше лесен плен за Литванците кои и покрај тоа што во домашното првенство не знаат за пораз, во Евролигата (баре засега) се под линијата која им носи место во плејофот. Играта во вториот период беше клучна за денешната победа на Литванците.
Најефикасен кај Жалгирис се покажа Пангос со 14 поени додека Лима запиша 11 поени. Кај Дарушафака најмногу се истакнаВанамејкер со 17 поени, четири помалку запиша Бертанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА