Фени индустри синоќа загуби од Карпош соколи во последниот натпревар од првата групна фаза во БИБЛ лигата. Голем пех за тимот од Кавадарци е некомплетниот состав. Кире Николовски неодмана се врати во тренажен процес и тренерот Љупчо Малинов сè уште не може да располага со него.
И покрај поразот, кавадарчани се пласираа во наредната фаза од балканското натпреварување и ќе се обидат да стигнат што подалеку, по можност и до втора титула во оваа лига.
„Сакам да им ја честитам победата на Карпош соколи и да им посакам среќа како во Јадранската лига така и во Балканската. Загубивме на крај 16 разлика, а мислам дека не требаше натпреварот да има таков резултат. Имавме некои грешки, како и поради некои сплет на околности не можевме да дадеме максимум. Кире Николовски сè уште е во ’аут’. Мислам дека кога ќе се врати Кире ќе имаме многу повеќе шанси. Сега ни останува домашното натпреварување, односно натпревар против Пелистер веќе в сабота, а потоа наредната недела повторно започнува БИБЛ лигата. Нашето мото е на секој натпревар да одиме на победа“ – истакна Малинков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА