Работнички го затвори првото коло од вториот дел од регуларниот тек на сезоната со убедлива победа над Струмица. Кошаркарите од Градски Парк се мачеа на почетокот на натпреварот, но по 15 минути игра влегоа во посакуваниот ритам и направија предност која им дозволи опуштена игра во вториот дел.
„Долго време не сме играле, некој месец и пол имавме пауза и тоа си носи свои последици. Тоа е проблемот. Но кога требаше го изигравме тоа што беше најпотребно. Тие пет минути игра во второто полувреме ни ја донесоа победата која е важна за овој дел од сезоната“ – се првите впечатоци за натпреварот на Перо Блажевски за синоќешниот натпревар.
Блажевски ја имаше улогата на прв тренер и во последниот период довербата им ја додели на младите играчи на клубот. Маслинко и Ефремовски запишаа по 21 поен додека Мартиновски и Темелковски дебитираа со по два поени.
„Децата играа по 10-15 минути и мислам дека имаа добра перспеткива. Сите го одиграа тоа што требаше, се надевам дека и понатака ќе гледаме да ги ставаме што повеќе. Колку зависи од нас толку тоа зависи и од нив. Кој ја искористи шансата, а кој не ќе видиме понатаму. Ова е една отскочна даска за понатака да видат каде треба да работат и каде им се аномалиите. Мора да има норма, континуитет. Имаме деца од по 16 и по 18 години на кои ќе им треба време да се адаптираат на оваа кошаркаркска прва лига“ – дополни Блажевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА