Францускиот првак Пари Сен Жермен го обезбеди и второто големо засилување во овој зимски преоден рок. По стапките на Германецот Џулијан Дракслер тргна и младиот напаѓач на Бенфика, Гонкало Гуедеш. Тој вчера потпиша четиригодишен договор со „светците“ од Париз, а денеска и официјално беше претставен во новиот клуб.
„Со задоволство можеме да објавиме дека Гонкало Гуедеш пристигна во Париз и откако го мина медицинските прегледи потпиша договор со Пари Сен Жермен до 30 јуни 2021 година“, објави францускиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА