Поранешниот македонски репрезентативец, Раде Стојановиќ (38) почнува тренерска кариера како дел од стручниот штаб на Металург 2. Стојановиќ ќе му помага на Александар Петровски во водењето на вториот суперлигаш од Автокоманда.
„Како поранешен репрезентативец и човек од ракометот, ја прифатив понудата на раководството на Металург и решив да се обидам да помогнам во водењето на Металург 2. Тренерската работа е нов предизвик за мене и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот на кој сум му многу благодаредн за подадената рака и за понудената прилика“ – изјави Стојановиќ за официјалниот сајт на Металург.
Во својата играчка кариера, Стојановиќ настапуваше за Пелистер, Вардар, Металург и Зомимак на домашна сцена. Во Словенија играше во Тримо Требње, Голд клуб и во Горење, краток период помина во Пилотес Октавио во Шпанија, го носеше и дресот на Мешков Брест и на израелскиот Бен Херзлиај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА