Жалгирис Каунас има само еден пораз во литванската прва лига, но во Евролигата не може да се носи со ‘големите’, барем таков беше случајот во првиот дел од сезоната. Денес, во Каунас падна ЦСКА Москва која пак минатата календарска година не знаеше за пораз. Двете екипи наизменично си го предаваа водството во првиот период, а во вторите десет минути доминираше гостинскиот состав. На полувремето се замина со 38-45, но избраниците на Димитрис Итудис не успеаја да го задржат во вториот дел. Литванци стигнаа до израмнување (74-74), ја зацврстија одбраната и стигнаа до ново водство за победа од 79-74 (20-20, 18-25, 19-16, 22-13).
Пангос Кевин со 21 поен (пет тројки) беше најзаслужен за триумфот додека кај ЦСКА Москва најрасположен за игра беше Џејмс Аугустин со 15 поени.
Во меѓувреме, ‘зелените’ од Атина и вратија мило за драго на Барселона. Кошаркарите на Панатинаикос ја нагостија Барселона и и го пружија истиот третман. Пред речиси два месеци Барселона го совлата грчкиот клуб со 72-57, а денес од Атина си замина без победа. Бурусис и Кејси Риверс беа најрасположени за игра постигнувајќи по 14 односно 13 поени во триумфот од конечни 71-65 (15-13, 21-16, 18-17, 17-19).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА