Куманово ја заврши првата групна фаза од БИБЛ лигата со убедлив пораз од екипата на Берое со 91-70 (23-19, 24-17, 21-15, 23-19). Македонскиот вицешампион уште пред почетокот на последниот натпревар од првата фаза во Балканската лига го имаше осигурано пласманот во понатамошната фаза на лигата (втор на табела), па кошаркарите на Куманово со поопуштена игра си дозволија пораз, четврти за нив во овој дел од сезоната наспроти шест победи.
Само Данило Мијатовиќ беше расположен за игра во првиот период, па Куманово, освен воведните поени, (0-2) речиси целиот период, а и натпревар мораше да брка негатива. Кошаркарите на Берое првин ја дуплираа предноста (10-5). Предноста беше на прагот да стане двоцифрена, но Мијатовиќ со две тројки потпомогнат од Марјан Јанески успеа да стигне до изедначување (19-19). Во моменти кога одбраната требаше да биде најголем адут, кошаркарите на Куманово му дозволија на Џоунс од спротивната страна лесно да стигне до нивниот обрач и да постигне брзи поени. Пред крајот на првото полувреме Берое имаше и двоцифрена предност (45-34) која во вториот дел од натпреварот продолжи да расте. Третиот период започна со штама од страна на македонскиот вицешампион па домаќините стигнаа и до највисоки (до тогаш) 55-38. На почетокот на последниот период разликата порасна и на 23 (82-59) сè до конечни 91-70.
Најефикасен кај кумановци беше Мијатовиќ со 18 поени, двоцифрен беше уште и Пековиќ со 12 поени. За Берое тоа беа Џоунс со 21 поен и Рос со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА