Хаос во Палермо: Тренерот Корини си поднесе оставка

Хаосот во редовите на Палермо уште повеќе се продлабочи откако тренерот Еугенио Корини попладнево си поднесе оставка од својата функција како шеф на стручниот штаб на сицилијанскиот клуб. Поранешниот фудбалер на Палермо не ги оправда очекувањата на управата откако го наследи Роберто де Зерби на клупата.

Иако се најавуваше дека претседателот Зампарини самиот ќе го отпушти тренерот, Корини реши самиот да се повлече откако тимот загуби на домашен терен од Интер, приближувајќи се уште повеќе до преселба во Серија Б.

Ова е одлука што ја донесов по долго размислување. Иако ме боли што вака си заминувам, сметам дека ова е единственото логично решение“ – изјави Корини за италијанските медиуми.

Давиде Балардини, кој беше шеф на стручниот штаб на Палермо на стартот на сезонава, важи за главен фаворит за наследник на Корини откако неговиот претходник Де Зерби дефинитивно ја отфрли можноста за повторна соработка со Зампарини.

Тимот во кој настапуваат нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски моментно е на претпоследната позиција на табелата со само десет освоени бода по 21 одигран натпревар.

Се вчитува...