Фотис Кацикарис се врати во Мурсија

Љубовта помеѓу Фотис Кацикарис и Мурсија одново се разгоре. Грчкиот стратег повторно се врати на челото на шпанскиот клуб. Актуелниот селектор на кошаркарската репрезентација на Грција првиот дел од тековната сезона го помина на клупата на Локомотив Кубан пополнувајќи ја тренерската позиција на која претходно беше Јоргос Барцокас, а ќе ја заврши во позната околина.

Раководството на Мурсија не е задоволно од резултатите кои ги прикажуваат кошаркарите под диригентската палка на Оскар Кинтона па одлучи да го раскине договорот со него и тренерското место да му го понуди на добро познат стратег.

Кацикарис веќе в среда ќе го има својот официјален камбек на клупата водејќи го клубот против Гран Канарија во рамки на Еврокупот.

 kacikaris

Се вчитува...