Роџер Федерер не му остави простор за соодветен отпот на Миша Зверев и за нешто помалку од два часа си обезбеди уште едно полуфинале на Гранслем турнир, 41. во неговата богата кариера. Швајцарскиот тенисер кој беше 17. носител на турнирот во Мелбурн уште на почетокот на мечот му стави до знаење на својот противник од Германија за своите квалитети добијвајќи во првиот сет со 6-1 за само 20 минути губејќи само седум поени.
Во вториот сет Зверев ’стисна заби’, се играа 12 гема. На стартот Германецот имаше и водство од 3-1, но промаши волеј за 4-1 што го чинеше и концентрацијата. Федерер успеа да се врати со 6-5, а потоа го освои сетот со 7-5. Последниот сет четирикратниот освојувач на Австралија Опен го сведе на рутинска игра, добивајќи го со 6-2 за конечни 3-0 во сетови.
Во полуфиналето, Федерер ќе се пресмета со Вавринка кој пред неколку часа го елиминира Цонга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА