Сигал Приштина во изминатите две сезони е неприкосновен на самиот врв во БИБЛ лигата. Актуелниот шампион во балканското натпреварување го стави ФИБА Европа Купот како прироитет поради што оваа сезона се наоѓа на дното на табелата А во рпвата групна фаза.
Со само еден натпревар до крајот на првата фаза, извесно е дека кошаркарите од косовскиот клуб нема да го повторат успехот од изминатите две сезони. Во наредното, последно, коло од БИБЛ лигата, Сигал со нов тренер ќе му гостува на Кожув кој со победа ќе го запечати пласманот во втората групна фаза.
Раководството на клубот од Приштина одлучи да се раздели со Сарин под чии совети покрај аут-линијата Сигал беше елиминиран и од ФИБА Европа Купот. Нов тренер ќе биде Литванецот Аудриус Пракураитис, а неговото место во меѓувреме ќе го пополни досегашниот прв асистент Андин Рашица. Пракураитис ќе има на располагање и три нови имиња кои неодамна станаа дел од актуелниот шампион на БИБЛ. Станува збор за Камерон Форте, Кертис ли Дејвиз и Газали Макасчи.
Натпреварот е закажен за утре со почеток во 19 часот во салата „26 април“ во Гевгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА