Како Лазаров ја торпедираше Норвешка во Краков (видео)

arbervil baner

Македонија поладнево во 16 часот го игра осминафиналето од ракометниот мундијал во Албервил, каде нашите ракометари за противник ќе ја имаат Норвешка. Двете селекции последниот натпревар го одиграа минатиот јануари, за време на ЕП во Краков, Полска, дуел што заврши без победник, 31-31.

Во главна улога на натпреварот беше македонскиот капитен Кире Лазаров, кој беше незапирлив за норвешките голмани и го заврши мечот со дванаесет погодоци. Лазаров нека биде во „елемент“ и попладнево, па вечерва среде Франција да славиме прво мундијалско четвртфинале.

[youtube id=”FM-DsJC-ST0″ width=”640″ height=”390″]

Се вчитува...