Серена Вилијамс без проблеми се пласираше во четвртото коло на Австралија опен откако во два сета беше подобра од сонародничката Никол Гибс.
Американската тенисерка на теренот се задржа нешто повеќе од еден час оставајќи и на ривалката само четири гема за победа од 6-1,6-3. Во осминафиналето Серена ќе игра против Барбара Штрицова од Чешка која беше подобра од Каролина Гарсија со 6-2,7-5.
Меѓу 16 најдобри е и Британката Џоан Конта која ја совлада Каролина Вознијацки со 6-3,6-1. Нејзина следна противничка ќе биде Русинката Екатерина Макарова која по голема борба славеше против Доминика Цибулкова со 6-2,6-7,6-3.
Најголемото изненадување на мечевите од шестиот ден го приреди Американката Џенифер Брејди која ја исфрли Елена Веснина победувајќи ја со 7-6,6-2.
Хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони беше подобра од Марија Сакари од Грција, победувајќи со 3-6,6-2,6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА