Членот на австриски Ферлах, Ристо Арнаудовски ќе го менува повредениот Дејан Манасков во македонскиот состав на утрешниот осминафинален натпревар против Норвешка на Светското првенство во Франција.
Иако се уште неофицијално, се очекува токму корпулентниот лев бек да се најде во составот за пресметката со Норвежаните.
Селекторот на Македонија, Лино Червар, сепак, во текот на утрешниот ден, за време на официјалниот состанок на националниот тим, ќе го соопшти дефинитивно список и името кое ќе го замени Манасков.
Дејан Манасков има скинат мускул, повреда која ја заработи на вчерашниот дуел со Исланд, по што за него заврши Мундијалот во Франција. Според првичните информации, го очекува пауза од ракометните терени од два месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА