Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ првпат по 2008 година е елиминиран веќе во второто коло од еден гранслем турнир. Овојпат, Ѓоковиќ доживеа елиминација од Узбекистанецот Денис Истомин на Австралија Опен, но Србинот не е воопшто изненаден, додавајќи дека тенисот постојано е во подем.
„Никогаш не го потценувам противникот. Секогаш давам се од себе и секого го почитувам. Тој играше одлично, неверојатно и заслужено победи. Добро ја започнав сезоната, но таков е тенисот, секогаш можеш да загубиш. Ништо не е невозможно. Квалитетот на тенисот секоја година е во подем и сите напредуваат. Што можам јас тука? Се трудам до последниот удар, но овојпат не вредеше“ – истакна Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА