Бранеше, спринтираше, повторно бранеше, и тоа кога беше најпотребно. Иако голманите беа крикувани за малиот број одбрани на претходните натпревари, Кирил Колев блесна во полн сјај на мечот против Исланд, а фановите во Македонија тоа знаат да го наградат.
И така, Колев доби снежна статуа во близина на своето маало. Фановите се потрудија на својствен начин да му оддадат признание за одличната претстава против Исланѓаните. Го има и дресот со број „12“, а младите ракометни фанови и се ’сликаат со него’.
Вистинска Колев – манија во Македонија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА