Куманово славеше во првото македонско дерби во балканската БИБЛ лига оваа сезона нас Кожув, а тимот од Гевгелија запамети па му врати во првиот натпревар од новата календарска година. Разврската во групата А е и повеќе од јасна, гевгеличани немаат никаква шанса за пласман во следната групна фаза, но тоа не значеше предвремено подигнување на бело знаме на избраниците на Игор Михајловски.
Комуникацијата во правец бекови-центри функционираше беспрекорно, па Кожув лесно наталожи и двоцифрена предност по само десет минути игра (22-11). Крстевски и Мијовиќ под кошот собираа сè што нивните соиграчи не можеа да реализираат од далечина и ги довршуваа акциите додека Мекнил и Ѓурасовиќ упатуваа проектили кон противничкиот обрач. Кумановци имаа проблем со шутот за три, ниту играта под кошевите не беше на ниво на претходните натпревари, па Кожув немаше маки за надигрување на македонскиот вицешампион кој веќе има обезбедено пласман во наредната групна фаза.
На крајот, Кожув славеше со 89-71 (22-13, 18-17, 25-21, 24-20). Најефикасен кај гевгеличани беше Мијовиќ со 22 поени додека Мекнил го заврши натпреварот со 21 поен и четири асистенции. Му помогнаа Мијовиќ со 14 поени и Крстевски со десет поени. Кај Куманово најрасположен за гира беше Мијатовиќ со 20 поени, три помалку постигна Караџовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА