Лино Червар во пресрет на клучниот натпревар за третото место во групата се реши да ја направи и првата замена во составот на овој мундијал.
За многумина изненадувачки, рокадата не се однесува на голманската позиција, туку македонскиот селектор се реши во тимот да го вклучи пивотот на Металург, Жарко Пешевски, кој влегува во составот на местото на крилото Мартин Поповски.
Во ситуација кога голем дел од средбите ги играме со двајца пивоти на терен, помошта на Пешевски сигурно ќе им биде добредојдена на Стоилов и на Никола Маркоски во жестоката битка што ќе се води на линијата од шест метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА