Италијанскиот шампион Јувентус е подготвен да направи чекор напред во европските натпреварувања и планира да направи супер-трио во нападот, составено од Пауло Дибала, Гонзало Игуаин и – Алексис Санчез.
Како што пренесуваат медиумите од Апенините, раководството на „старата дама“ е подготвено да го испрати Миралем Пјаниќ во Арсенал, а во спротивна насока да дојде чилеанскиот офанзивец Алексис Санчез.
Напаѓачот на Арсенал се уште не потпишал нов договор со клубот од „Емирати“, а Јувентус сака да ја искористи таа ситуација и да го доведе Санчез во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА