Македонската куќа на кошарката ги додели признанијата за најдобрите во Македонија за изминатата 2016 година. Приззнанието за најдобар кошаркар кој ја претставув Македонија на меѓународната сцена е Перо Антиќ додека признанието за најдобар кошаркар во изминатата година замина во рацете на Александар Костоски.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите спонзори кои во изминатата година во овие тешки времиња и помогнаа на кошарката. Верувам дека во иднина ќе пронајдеме поголеми сили и финансии за кошарката да ја подигнеме на повисоко ниво. Сакам да ја искористам приликата да им честитам на сите и да им посакам дека добивање на награда не е лесно туку е поттик за подобра работа во иднина“ – истакна Петар Наумоски, претседателот на МКФ
Признанието за најдобар кошаркар замина во рацете на Александар Костоски кој минатата сезона го предводеше Куманово во финалето на плејофот во домашното првенство.
„Ова е многу непријатен ден за мене. Не знам што да кажам, меѓутоа не можам да кажам ништо освен голема благодарност до сите што мислеа дека оваа награда на мене. Денеска го загубив човекот кој ме однесе во сала и ме фрли на клупа во Работнички. На ова место каде што сум јас требаше да биде тој. Но судбината сакаше сам да си ја соберам. Дефинитивно ќе му ја посветам оваа награда на него. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа порај мене. Преполн сум со емоции и немам што повеќе да кажам“ – истакна Костоски при подигнување на признанието.
Најдоброто од Македонија за 2016 година:Млада кошаркарка: Матеа НиколиќМлад кошаркар: Ненад ДимитријевиќЖенска екипа во младинска категорија: Бадел 1862Машка екипа во младинска категорија: ВардарНајдобар судија: Игор МитревскиИнтернационалец: Перо АнтиќТренер во женска младинска екипа: Анета ГлигороваТренер во машка младинска екипа: Ѓорѓи КочовЖенска екипа во сениорска конкуренција: Бадел 1862Машка екипа во сениорска конкуренција: МЗТ СкопјеТренер во женска конкуренција сениорки: Перо СтамескиТренер во машка конкуренција, сениори: Александар ЈончевскиНајдобра кошаркарка во сениорска категорија: Нена ТрајчевскаНајдобар кошаркар во сениорска категорија: Александар Костоски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА