Италијанскиот напаѓач, Симоне Заза од вчера е нов фудбалер на шпанскиот прволигаш Валенсија, каде ќе остане до крајот на оваа сезона, а клубот е обврзан да го откупи неговиот договор. Со тоа заврши агонијата на играчот во Вест Хем, а самиот очекува добри настапи во дресот на „лилјаците“.
„Среќен сум што сум дел од овој клуб, кој има неверојатни навивачи. Присуствував на стадионот, атмосферата е неверојатна, а видов и добар тим. Поминав низ многу тежок период во мојата кариера, но сакам да докажам на светот дека се уште знам да постигнувам погодоци. Ќе дадам се од себе за доброто на клубот“ – истакна Заза.
После 17 одиграни натпревари, Валенсија се наоѓа на 17. место со 16 освоени бода, четири повеќе од Спортинг Хихон, кој е во опасната зона на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА