Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес е многу блиску до трансфер во турскиот Бешикташ. Претседателот на турскиот клуб, Фикрет Орман, имал средба со првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, и му понудил 2 милиони евра за да го ангажира искусниот голгетер во овој зимски преоден рок. Тоа е навистина убава понуда, ако се знае дека Торес има само уште шест месеци од договорот со Атлетико Мадрид.
Напаѓачот се уште размислува дали да ја прифати понудата на Бешикташ, и тоа пред се од безбедносен аспект, поради зачестените терористички напади што ги има во Истанбул во последниот период. Но, раководството на Бешикташ со сите сили се обидува да го убеди тој да се пресели во Турција и да го облече „црно-белиот“ дрес на овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА