Чилиќ елиминиран во второто коло во Мелбурн

Седмиот носител на Австралија Опен во машка конкуренција, Хрватот Марин Чилиќ, изнедувачки го заврши својот настап уште во второто коло. Тој е елиминиран од британскиот тенисер Даниел Еванс со 3-1 во сетови (3-6, 7-5, 6-3, 6-3).

Чилиќ добро го започна мечот и го освои првиот сет со 6-3, но потоа дојде до голем пад во неговата игра. Еванс успеа да возврати во вториот сет со 7-5, а потоа ги освои и наредните два сета со идентичен резултат, 6-3 во гемови.

Хрватскиот тенисер имаше дури 69 неизнудени грешки на овој меч и тоа е најголемата причина за неговата рана елиминација од гранслем турнирот во Мелбурн.

Се вчитува...