Шпанскиот прволигаш Спортинг Хихон е во потрага по нов тренер, откако раководството на клубот одлучи да му даде отказ на Абелардо, некогашниот фудбалер на Барселона. Тимот забележа четири последователни порази, по што се најде во опасната зона на табелата, а тоа беше сигнал за промена на тренерската позиција.
46-годишниот Абелардо најголем дел од тренерската кариера ја мина токму во Спортинг Хихон, каде работеше како асистент и како тренер на вториот тим, а во 2014 година доби шанса да биде шеф на стручниот штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА