Украинскиот интернационалец Евгениј Новак, кој игра во последната одбранбена линија, би можел да го напушти Вардар во зимскиот преоден рок. Неговиот менаџер, како што информираат медиумите во Азербејџан, се обидува да му пронајде ангажман во Азербејџан, а најсилен е интересот од Нефчи.
„За Евгениј има интерес од клубови од Азербејџан и од Молдавија. Тој немаше комплетна минутажа во Вардар, и токму затоа и не може да се очекува некој голем трансфер. Новак би сакал да замине во клуб од Португалија, Грција или Полска, и тоа да биде чекор напред во неговата кариера, но и Азербејџан е одлична дестинација“, изјави агентот Александр Панков за медиумите во Азербејџан.
Од Вардар оваа зима си замина и црногорскиот интернационалец Немања Мијушковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА