Севилја скапо ќе ја плати победата над Реал Мадрид (2-1), во 18. коло од шпанската Примера затоа што во клубот пристигнаа лоши вести.
Виктор Витоло заработил повреда на десниот бутен мускул, поради која ќе мора да отсуствува од терените три до четири седмици. Тој имал незгоден дуел со напаѓачот на „кралевите“, Карим Бензема и по лекарските анализи утврдено е дека ќе му биде потребна подолга рехабилитација.
Ова претставува голема главоболка за стратегот Хорхе Сампаоли, кој успеа да го консолидира тимот да игра на врвно ниво. Моментално екипата е на втората позиција на табелата, со 39 бода, еден помалку од лидерот Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА