Добрите вести брзо се шират, а за одличните спортисти од Македонија надалеку се слуша. Па така, Кире Лазаров, од пред неколку часа и „Мистер 1.000“ доби пофални зборови од ракометниот амбасадор на Мундијалот, Филип Гарден, кој е и поранешен тренер на ПСЖ.
„Има двајца играчи од кои сум импресиониран. Едниот е Лудовик Фабрегас кој по повредата на Лука Карабатиќ ќе мора да ја преземе улогата како лидер на франускиот тим. Вториот играч е Македонецот Кирил Лазаров. Леворакиот ракометар на Барселона повеќе години е присутен на интернационалната сцена и е снајпер во вистинската смисла на зборот. Можеби не е корпулентен, но затоа компензира со неверојатна прецизност. На 36-годишна возраст, сè уште е неверојатен играч“ – со восхит истакна Гарден, кој од пред две сезони е на кормилото на француски Тулуз каде своевремено играше Гоце Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА