Германската судиска двојка Ларс Гајпел – Маркус Хелбиг, ќе биде задолжена за делење на правдата на денешниот натпревар меѓу Македонија и Словенија што ќе се игра во 17.45 часот во Мец.
ИХФ утрово ги објави номинациите на официјалните лице за денешните натпревари, па сосема очекувано во пресметка на две европски селекции светската куќа на ракометот се реши и за европски арбитри. Германците досега водеа само еден натпревар во групата Б, пресметката во второто коло меѓу Тунис и Шпанија, меч на кој одлично си ја завршија работата.
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја имаат улогата на „резервни арбитри“ во групата Ц, па од салата во Руен ќе ги следат мечевите Чиле – Унгарија и Хрватска – Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА