Денеска на СП: Хрватите на испит против незгодната Унгарија

Денешниот ден повторно ќе биде исполнет со ракометни возбудувања, и тоа во рамките од сите четири групи. За нас најинтересен дефинитивно е дуелот со Ангола, но дербито на колото се игра во Руен, каде силите ќе ги одмерат Хрватска и Унгарија. Во продолжение, еве по неколку интересни статистички податоци за секој од натпреварите што денеска ќе бидат на програмата на овој мундијал.

ГРУПА А

БРАЗИЛ – ПОЛСКА  (14.45 часот)

Поразот од Франција од 15 гола разлика беше најубедливиот на „кариоките“ во последните седум години. Овие две селекции последен пат се сретнаа на ОИ во Рио, каде Бразилците ја искористија предноста на домашниот терен и славеа со 34-32, нивна прва победа во меѓусебните дуели со Полска на големите натпреварувања.

НОРВЕШКА – РУСИЈА    (17.45ч)

Досега овие две селекции се сретнале седум пати, при што Русија е поуспешна со четири победи, наспроти три на Норвежаните. Сепак, Норвешка триумфираше на последните две средби, во 2008 и во 2010 година. Интересен е податокот дека Норвешка прими само 20 гола на дуелот со Полска во првото коло, иако нивните голмани не беа премногу расположени, па и Кристенсен и Бергеруд имаа само по пет успешни интервенции.

ГРУПА Б

Исланд – Словенија   (14.45ч)

Словенија во просек е најмлада репрезентација во групата Б со 25,6 години просечна возраст. Најмлад играч во тимот на Веселин Вујовиќ е Блаж Јанц со 20 години. Овие две селекции во последните четири години одиграле три средби, против што Исланд два пати славеше со по еден гол разлика, а еден дуел заврши нерешено.

island tajmaut

Тунис – Шпанија   (17.45ч)

Најдобриот туниски ракометар Ваел Жалуз ќе се сретне со своите клупски соиграчи од Барселона, на чело со голманот Перез де Варгас. Тунис на последните два меча со Шпанија постигна само по 20 погодоци (порази од 28-20 и 35-20).

МАКЕДОНИЈА – Ангола   (20.45 ч)

Нашиот голман Кирил Колев е највозрасен ракометар во групата Б со 38 години. Ангола е селекција во која речиси сите ракометари настауваат во домашното првенство, исклучок се десното крило Едвалдо Фереира, кој игра во Тунис, и левото крило Елијас Антонио кој настапува во Португалија.

ГРУПА Ц

Унгарија – Хрватска    20.45 часот

Овие две селекции последен пат се сретнаа на мундијалите на СП во Шпанија во 2013, каде Хрватите ја декласираа Унгарија со 30-21. Унгарскиот селектор Сабате во тимот на Веспрем тренира четири хрватски репрезентативци, Алиловиќ, Сулиќ, Слишковиќ и Копљар, но ниту еден од нив не е дел од „коцкестите“ на овој мундијал.

ГРУПА Д

Египет – Данска       20.45 часот

Овие две селекции се сретнаа во подготовките за мундијалот пред само шест дена, при што Данска на турнирот на домашен терен славеше со убедливи 36-26. Египет никогаш во историјата не успеал да ја совлада Данска на еден ракометен натпревар, но ќе се обиде да го изненади олимпискиот првак откако во првото коло го совлада светскиот вицешампион Катар.

Се вчитува...