Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа одигра уште еден квалитетен меч, но во последното квалификациско коло загуби од првата носителка во квалификациите, Швајцарката Стефани Вогел, останувајќи само на чекор од главниот турнир на Австралија Опен.
Ѓорческа (206. место на ВТА листата) мораше да се ’помири’ со пораз во три сета од 6-4,3-6,2-6, против швајцарската тенисерка која е на 114. место на ВТА ранг листата.
Лина, повторувајќи ја играта од претходните два меча, успеа да го освои првиот сет со 6-4, но немаше сили за комплетно одржување на истиот ритам до крај, па натпреварувачки далеку поискусната Вогел ги доби следните два сета за триумф и пласман на главниот турнир.
Пласманот до третото квалификациско коло на еден Грандслем турнир е најголем досега успех на Лина Ѓорческа, но и македонскиот тенис воопшто, кој носи дополнителен поттик за текот на натамошната нејзина кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА