Германија ја доби дерби пресметката од 1. коло во Групата Ц на Светското првенство во Франција, славејќи со 27-23 против селекцијата на Унгарија. Овој натпревар на денот во Групата Ц во Руен, го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Германците сосема заслужено стигнаа до триумфот, комплетно контролирајќи ја играта и резултатот низ текот на сите 60 минути. Уште во првото полувреме се стекнаа со пет гола предност (16-11), а потоа рутински одржуваа до самиот крај, и покрај тоа што Унгарците се заканија во неколку наврати.
Извонредна партија одигра Уве Генсхајмер со 13 погодоци, а Хафнер дополни со 7 гола. Патрик Грецки мечот го заврши со пет постигнати гола. Кај Унгарија дури десет ракометари се запишаа во листата на стрелците, меѓу кои Балог, Лекаи, Бодо и Јухач постигнаа по три погодоци.
Во вториот свој натпревар од Групата А, домаќинот Франција повторно максимално доминираше и во пресметката со Јапонија. По убедливиот триумф над Бразил, Французите сега славеа со 31-19 и против селекцијата на Јапонија.
Лудовик Фабрегас предводеше кај „петлите“ со седум постигнати голови, а пет запиша Кентин Махе. Кај Јапонците најефикасен беше Кенто Уегаки.
Шведска пак убедливо славеше против Нахреин со 33-16, во натпревар во кој Џери Толбринг постигна 10 погодоци. Швеѓаните стигнаа до првата победа во Групата Д во која претходно Египет славеше против Катар, а уште се и селекциите на Данска и на Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА