Младиот француски дефанзивец Дајот Упамекано ги разреши сите дилеми околу својата иднина, потпишувајќи договор со германскиот прволигаш Лајпциг. Ваквиот развој на настаните за многумина е изненадувачки, со оглед на фактот дека сериозен интерес за овој тинејџер искажуваа и Барселона и Јувентус, но на крајот пресуди блиската врска на Лајпциг со неговиот клуб Салцбург (двата тима имаат ист спонзор – Ред бул).
„Можеме да потврдиме дека го комплетиравме трансферот на Дајот Упамекано, кој ќе биде големо засилување за нашата одбрана. Потпишаниот договор е со важност до јули 2021 година“ – се пофали раководството на Лајпциг преку клупско соопштение.
Иако има само 18 години, Упамекано зад своето име веќе има 23 настапи за сениорскиот тим на Лајпциг. Тој импресионираше на Европското Првенство за играчи до 17 години што се одржа во 2015 година, на кое со Франција стигна до шампионската титула. Европските гиганти го следеа во изминатата година, Барселона и Јувентус испратија и официјални понуди, но тинејџерот сепак замина во Лајпциг, каде дефинитивно ќе добива поголема минутажа за да ги покаже своите квалитети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА