Уште еден Бразилец на проба во Победа: Ристевски си заминува од тимот?!

Победа прва ги започна зимските подготовки во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Првата лига, а во тимот од Прилеп, деновиве на проба е Бразилецот Рафаел. Станува збор за млад офанзивен фудбалер, кој во наредниот период ќе биде на проба во Победа и наскоро ќе се знае дали раководството ќе го задржи во своите редови.

ramon

Од друга страна, Победа најверојатно ќе се ослободи од еден играч, затоа што се најавува дека дефанзивецот на тимот, Александар Ристевски,  ќе ги промени клупските бои оваа зима. Раководството не успева да пронајде заеднички јазик со него и во овој зимски преоден рок, во тимот треба да биде доведен нов играч од одбраната.

Во меѓувреме, тимот под раководство на тренерот Зоран Штерјовски напорно работи на остварување на планот за зимски подготовки, тренирајќи два пати дневно.

Се вчитува...