ФИФА: Кристијано Роналдо најдобар фудбалер за 2016 година, Раниери најдобар тренер

Португалецот Кристијано Роналдо вечерва е прогласен за најдобар фудбалер за 2016 година, според изборот на ФИФА на вечерашната церемонија одржана во Цирих. Одличниот играч на Реал Мадрид не можеше да го крие задоволството, откако излезе како победник пред Гризман и Лионел Меси и изрази благодарност кон неговите колеги од тимот, стратегот Зидан, неговите најблиски пријатели и семејството…

„Не ми е првпат да добијам вакво признание. Сакам да се заблагодарам на сите соиграчи од Реал Мадрид и стратегот Зинедин Зидан, своето семејство, мојата девојка и сите останати. За мене 2016 година беше најдобра во мојата кариера. Горд сум на ваквата награда и само ми е жал што играчите на Барселона не беа вечерва тука“ – истакна Роналдо.

Ranieri

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери е избран за најдобар стратег во светот, после изненадувачкото освојување на титулата во Англија минатата сезона со „лисиците“. Тој доби најмногу гласови во конкуренција на Фернандо Сантош од Португалија и тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.

„Да се освои ваква награда е официјална потврда дека сум луд. Благдарам на сите кои гласаа за мене. Благодарам на моето семејство, сопругата, агентот, претседателот на Лестер и играчите. Тоа што се случи минатата сезона беше неверојатно“ – рече Раниери после добивањето на наградата.

За најдобра фудбалерка е избрана Американката Карли Лојд, добитник на наградата „Пушкаш“ е Мохд Фаиц Субри, а свое признание за извонредна кариера од ФИФА, доби и футсал-играчот Фалкао.

За фер плеј беше награден Атлетико Насионал, кој иницираше титулата од Судамерикана да биде доделена на Чапекоенсе, екипа од која животот го загубија најголемиот дел од играчите во авионска несреќа минатата година. Силвија Неид е избрана за најдобра менаџерка за 2016 година

Се вчитува...