Легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, се уште не сака да стави крај на својата богата кариера и има голема желба да се врати на „Велодром“, и барем уште една сезона да го носи дресот на Олимпик Марсеј. Тој најави дека има опција за повторно да се врати во Франција.
„Постои опција да се вратам во Франција. Се надевам дека ќе го исполнам ветувањето дека еден ден ќе се вратам во Марсеј. За тоа се зборува 12 години, откако прејдов во редовите на Челси“, изјави Дидие Дрогба за францускиот „Канал Плус“.
Тој во моментов е слободен агент, откако го одработи договорот со тимот на Монтреал во МЛС – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА