Хунгароринг сака трка во МотоГП

 Популарноста на трката за Големата Награда на Унгарија во Формула 1 опаѓа сè повеќе, поради што организаторите размислуваат да запливаат во други води. Будимпешта требаше да биде домаќин на трка низ градските улици, но таа идеја отпадна, па беше изградена Хунгароринг пред повеќе од 30 години. Изминатите две години патеката претрпе мали модификации, а промените ќе продолжат и во текот на годината кога организаторите ќе започнат преговори со мотоциклистичките категории за одржување на ваков настан.

„За време на конструкцијата ќе ги започнеме преговорите со ФИМ за да можеме да ја модифицираме патеката за да има соодветни услови за одржување на трка од мотоциклистичките категории. За да се одржи трка мора да имаме поддршка од унгарската Влада, а верувам дека ќе добиеме без проблеми“ – истакна извршниот директор на Хунгароринг, Зол Гулај.

Хунгароринг требаше да се врати како домаќин на мотоциклистичките категодии во 2009 година, но не успеа поради финансиски проблеми. Трката беше изменета со Арагон која оттогаш е редовна на календарот на МотоГП како и на помалите категории, Мото2 и Мото3. Досега само двапати биле одржани МотоГП трки на оваа патека, во 1990 година и две години подоцна.

Се вчитува...