Седмата етапа од годинашното издание на популарното рели Дакар ќе биде преполовена. Една од најдолгите етапи, долга нешто повеќе од 320 километри треба да се вози од Ла Паз до Ујуни, но поради обилните врнежи од дожд патеката ќе изнесува двојно помалку.Во изминатите неколку денови во Боливија падна огромна количина на дожд поради што беа скратени тренинзите во Тупиза-Оруро в петокот, а возењето во саботата од Оруро до Ла Паз беше извозено без мерење на време.„Мораме да направиме некои промени како би ја задржале безбедноста на патеките. Особено на маратонските патеки каде постојано мораме да внимаваме на нашата околина за да го зачуваме автомобилот“ – истакна Стефан Петерхансел кој е првиот возач на Пежо во генералниот поредок, пред Себастијан Ожие и Кирил Депре. Четвртиот возач, Карлос Саинц, се откажа откако доживеа стравична несреќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА