Бразилскиот интернационалец Фелипе Мело по 12 години поминати на печалба во Европа, одлучи да се врати во татковината и потпиша тригодишен договор со Палмеирас. Тој го напушти калчолигашот Интер поради слабата минутажа која ја добиваше во изминатиот период, а се реши за Бразил, иако имаше понуди и од Валенсија, Галатасарај, но и од неколку клубови од Кина.
„Се радувам што повторно ќе играм фудбал дома. Многу добро знам каква е атмосферата што се создава на стадионот на Палмеирас“, изјави Фелипе Мело, кој во 2003 година беше шампион на Бразил со тимот на Крузеиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА