Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да доведе нов напаѓач во своите редови оваа зима, а менаџерот Арсен Венгер му удри мерак на Андреа Белоти, голгетерот на Торино и италијански репрезентативец. Аналитичарите за Белоти велат дека е еден од најкомплетните напаѓачи во Европа, но затоа и неговата вредност на европскиот фудбалски пазар е екстремно голема.
„Топчиите“ се подготвени да плата 50 милиони евра за негов ангажман, но откупната клаузула во неговиот договор со Торино е двојно поголема и изнесува фантастични 100 милиони евра.
„Точно е, добивме понуда од Арсенал, но таа не е адекватна на квалитетите на Белоти“, изјави спортскиот директор на Торино, Џанлука Петраки.
Очигледно дека Венгер ќе треба и подобро да го одврзе ќесето ако сака да го купи напаѓачот на Торино во овој зимски преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА