Пред извесен период, се појавија информации дека Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус, а како негова следна дестинација се споменуваше Арсенал. Италијанецот денеска уште еднаш истакна дека ќе остане во Торино, отфрлувајќи ги сите шпекулации за негово заминување.
„Во Јувентус ми е добро. Задоволен сум во Торино и се надевам дека ќе останам тука уште долго време. Не мислам дека поразот од Милан во Доха е нешто сензационално. Желба ми е да ја освојам шестата последователна титула со Јувентус, тоа ќе биде историски успех“ – соопшти Алегри.
„Старата дама“ после 17 одиграни натпревар е на чело на табелата со 42 бода, четири повеќе од второпласираната Рома, но и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА