Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, одбра 17 репрезентативци за завршната фаза од подготовките пред СП во Франција. Во оваа селекција од шпанскиот состав отпаднаа голманот Ксоан Ледо и левиот бек Карлос Молина.
Последна проверка за Шпанците пред СП, е настапот на турнирот во Ирун, на кој Шпанија во првиот дуел ја победи Полска, денеска ќе игра против Аргентина, а утре против селекцијата на Катар. По овие три контролни натпревари, Рибера ќе ја напрви последната селекција и ќе ги одреди 16 репрезентативци што ќе настапат на мундијалот во Франција. За потсетување, уште во првата селекција од составот на Шпанија отпаднаа двајцата ракометари на Вардар, голманот Арпад Штербик и десниот бек, Хорхе Македа.
На турнирот во Ирун, во составот на репрезентацијата на Шпанија се: голмани- Гонзало Перес де Варгас и Родриго Коралес, леви бекови – Жоан Канељас, Јосу Гони, и Алекс Костоја, средни бекови – Раул Ентрериос и Дани Сармиенто, десни бекови – Алекс Душебаев и Едуардо Гурбиндо, леви крила – Анхел Фернандез и Валеро Ривера, десни крила – Виктор Томас и Давид Балагуер, пикери – Хулен Агинагалде, Гидеон Гвардиола, Адриа Фигуерас и Виран Морос како специјалист за одбрана
Шпанија е еден од противниците на Македонија во групата Б во Мец. Дуелот со Шпанија е на 18 јануари во рамките на 4.коло од првата фаза на СП во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА