Голманот Никола Даниловски со своите одбрани беше еден од јунаците на големата победа на македонската репрезентација во дуелот со Турција со 39-19, со која нашите младинци обезбедија пласман на СП (У21) во Алжир. Иако во дуелот влегоа со товар дека треба да бркаат речиси невиозмножни +18, македонските ракометари успеаја да ја го оставрат тоа и да ја постигнат целта. Даниловски вели дека имале добра инспирација за оваа победа.
„Фактот дека трребаше да бркаме 19 гола не ни создаде притисок туку напротив, ни олесни, бидејќи знаевме дека немаме што да загубиме, а можеме многу да добиеме. Во ракометот се случувале и порано големи изненадувања. Сие знаеме што направи Хрватска лани на ЕП против диомаќинот Полска пред 20.000 навувачи, па тоа ни послужи како инспирација тука на домашен терен да оствариме ваков фантастичен резултат. Сеако дека сме пресреќни, одигравме беспрекорно и заслужено дијдовме до победата што ја посакувавме и се пласиравме на СП“ – истакна Даниловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА