На машката младинска репрезентација на Македонија и треба победа против Турција во денешниот последен натпревар од квалификациите за СП 2017 (У21) што се игра во „Кале“ со почеток во 14.30 часот. По вчерашното реми со Португалија, двете репрезентации имаат по три бода и по последните дуели ќе се знае која од овие две селекции ќе го освои првотои место во групата и ќе обезбеди пласман на СП 2017 во Алжир.
На избраниците на селекторот Илија Темелковски им треба победа против Турција и подобра гол разлика од онаа што ќе ја имаат Португалците по последниот дуел со Полска. Нема да биде лесно, но не е и невозможно.
И по вчерашната променлива игра и загубениот бод кој го отежнува патот со СО, селекторот Темелковски е оптимист и верува дека по 17 години од првиот настап на младинците на СП во Атина, одново ќе ги предводи македонските надежи на еден мундијал, овој пат на СП во Алжир што ќе се одржи летово.
„Ситуацијата е малку копликувана, но мислам дека ние сме најблиску до пласманот на СП. Предност за нас е што играме со Турција во последниот натпревар и што ќе знаеме колку разлика ќе ни биде потребно за да бидеме подобри од Португалија“ – рече селекторот Илија Темелковски.
Македонската младинска репрезентација последен пат настапи на СП (У21) пред десет години на СП 2007 на кое бевме домаќини.
Во првиот натпревар од последното коло денеска (12 ч.) играат Португалија и Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА