Заборавениот марокански фудбалер, Адел Тарабт повторно ќе се врати во Италија, каде пред неколку сезони го носеше дресот на Милан. Како што информираат медиумите од Апенините, тој ќе го облече дресот на Џенова, клуб чиј член е нашиот репрезентативец, Горан Пандев.
Тој една и пол година ќе го носи дресот на Џенова како позајмен фудбалер од Бенфика и останува да се договорат двата клуба за некои финасиски услови.
Кариерата на Тарабт е во надолна линија и во изминатите сезони се мачеше со клупски статус, но се чини дека дојде крајот на агонијата за овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА