Крилниот дефанзивец на македонскиот шампион Вардар, Владица Брдаровски е понуден на Црвена звезда, но се уште е под договор со „црвено-црниот“ тим. Сепак, негова желба е да го облече дресот на српскиот гигант и со нетрпение го чека исходот од оваа ситуација…
„Звезда е мој сон. Од мали нозе сум навивач на овој клуб и кога и да имам време, ја посетувам „Маракана“, да гледам некој натпревар. Бев на прославата на титулата, го следев мечот против Лудогорец. Би било прекрасно да го облечам „црвено-белиот“ дрес, но, се уште сум под договор со Вардар. Ме чека разговор со управата на клубот околу мојот статус и ќе видиме што ќе биде“ – вели Брдаровски за српските медиуми.
Што се однесува до конкуренцијата, Брдаровски не се плаши од такво нешто и верува дека неговиот квалитет, на најдобар можен начин ќе го покаже во Звезда.
„Секогаш е подобро да имате конкуренција и Марко Петковиќ е квалитетен играч. Свесен сум за својот потенцијал и верувам дека во Звезда тоа ќе го покажам на добар начин. Откако Вардар е под „капа“ на рускиот газда, е среден клуб, примањата се редовни. Но, Звезда е Звезда, моја голема желба и би бил голем чекор во кариерата. Ќе видиме што ќе се случи“ – вели Брдаровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА